Дали Арсенал доби „подарок“ во еден од најважните натпревари за титулата? (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Арсенал вчера го победи Барнли со 1-0 и така дојде на само една победа од титулата во Премиер лигата, а може да станат шампиони и уште денеска, ако Сити не го победи Бормут.

Но, еден детал од вчерашниот дуел на избраниците на Артета стана тема на коментари. Имено, токму стрелецот на голот Каи Хаверц според дел од јавноста требаше да биде исклучен.

Германецот остро стартуваше врз фудбалерот на Барнли, но судијата Пол Тирни му покажа само жолт картон, додека ВАР не го повика да ја прегледа снимаката.

„Одлуката за жолт картон на Хаверц беше проврена и потврдена од страна на ВАР, стартот не беше оценет како сериозен прекршок“, стои во објаснувањето од Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×