Хартс не се откажува и бара службена победа против Селтик (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Денеска во Шкотска, Селтик успеа да слави во последното коло против Хартс со 3-1 и така да дојде до титулата во првенството, но Хартс кој речиси цела сезона беше лидер не се откажува и верува дека може да дојде до трофејот преку „зелена маса“.

Од таборот на поразениот тим од Единбург тврдат дека натпреварот бил обележан со спорен момент во самиот финиш. По третиот гол на домашниот состав, голем број навивачи влегоа на теренот во еуфорија, а од Хартс сега тврдат дека судијата официјално не го означил крајот на натпреварот.

Според нивните наводи, главниот судија Робертсон воопшто не отсвирел крај, што доколку се потврди би можело да ја доведе во прашање регуларноста на средбата. Од Хартс се повикуваат на правилата според кои натпревар може да биде регистриран со службен резултат во корист на противникот доколку дојде до прекин или нерегуларен крај.

Во таков случај, постои можност мечот да биде регистриран со службени 3:0 за гостите што би значело дека Хартс ќе ја освои титулата бидејќи во денешниот натпревар им беше доволен и бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×