Велс и Хрватска одиграа 1-1 во квалификацискиот натпревар за ЕП, од овој меч најмногу разочаран беше Зинедин Зидан.
Модриќ во Шпанија се враќа повреден, тој предвреме го заврши натпреварот и според гримасите на неговото лице и начинот на кој излезе не изгледаше добро.
Но, докторот на хрватската репрезентација Никола Јеркан смета дека не се работи за сериозна повреда.
„Модриќ имаше болен удар и логично е луѓето во Реал да бидат загрижени пред класикото, но не изгледа многу лошо“, изјави Јеркан за радио „Марка“.
Во текот на мечот на повреда се жалеше и Герет Бејл, поткривнуваше, очигледно беше дека има некои болки во левата нога, но не излезе.
„Да, имаше мала повреда, но сакаше да продолжи“, потврди селекторот на Велс, Рајан Гигс.