Прв квалификациски пораз за Англија по десет години! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Прв пат по десет години Англија губи во квалификации, фудбалерите на Саутгејт со наведната глава заминаа од Чешка, а натпреварот добро почна за нив.

Во третата минута Стерлинг беше фаулиран во шеснаесетникот на Чешка, судијата покажа пенал кој го реализираше Хари Кејн за водство од 1-0.

Но веќе во деветата минута резултатот беше изедначен, Брабец погоди за 1-1.

Многу долго се чекаше за третиот гол, тој дојде во 85. минута кога Ондрасек реализираше за победа на Чешка од 2-1.

Овој резултат не оди во прилог на Косово кое се бори за второто место на табелата.

Франција со гол на Жиру од пенал во 66. минута победи на гостувањето кај Исланд.

Поругалија со 3-0 го совлада Луксембург, Бернанрдо Силва, Роналдо и Гуедеш беа стрелци на головите.

Турција со гол на Тосун во 90. минута ја победи Албанија, немаше голови на мечот меѓу Црна Гора и Бугарија.

Украина со 2-0 славеше над Литванија, а Андора со 1-0 беше подобра од Молдавија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×