Михајловиќ со видео порака: Сигурен сум дека ќе ја добијам оваа битка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерва Болоња слави јубилеј, но таму нема да биде Синиша Михајловиќ кој пред кратко време ја заврши втората фаза од хемотерапијата и сака повеќе време да помине со семејството.

„Жал ми е што нема да бидам со вас, но вчера излегов од болница и сакам да поминам малку време со моето семејство. Се надевам дека ме разбирате. Сакам да им се заблагодарам на сите, на навивачите, на клубот, за се што направивте за мене во овој период. Ми дававте сила во овие тешки моменти. Се борам против болеста и сигурен сум дека ми оди добро и ќе ја победам оваа битка благодарение на вас и моето семејство“, изјави Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ се бори се леукемија која му беше дијагностицирана на 1 јули оваа година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×