Чех стана хокеарски голман

by
1 минути читање

Чех кој по крајот на минатата сезона објави крај на кариерата, сега повторно се активираше, но ќе се проба во друг спорт.

37-годишниот голман ќе брани за хокеарскиот тим од Британија, Гилдфорд Феникс кои се натпреваруваат во втората лига.

„Се надевам дека ќе можам да му помогнам на овој млад клуб да ги оствари целите. По 20 години професионален фудбал, ова ќе биде прекрасно искуство за мене да бидам во спорт кој го сакав да го гледам и да го играм уште од дете“, изјави Чех.

Хокејот е еден од главните спортови во Чешка, па јасно е зошто тоа е атрактивен спорт за Петр Чех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×