Многу мајтап и бес кај фановите на Милан, креирана кампања за заминување на Пиоли уште пред тој да дојде (ФОТО)

by
1 минути читање

Милан реши да ја искористи паузата за репрезентативен настап за да му врачи отказ на тренерот Марко Џампаоло. Синоќа на големо се пишуваше дека Лучано Спалети ќе го превзеде кормилото, извештаите велеа дека стратегот кажал ДА на проектот и си подал рака со „росонерите“. 

Сепак, Интер одби да го компензира Лучано Спалети за тоа што на Сан Сиро ќе заработува значително помала плата, па зделката пропадна во последен момент.

Милан веднаш се насочи кон друга опција и се најавува дека Стефано Пиоли ќе биде именуван за нов тренер. Тој ќе добе плата од 1 милион евра оваа сезона, а доколку продолжи и следната сезона, тогаш платата ќе му биде 1,5 милиони евра. 

Ваквата одлука не им се допадна на фановите кои својот револт го искажаа на социјалните мрежи и креира кампања за негово заимување, и покрај тоа што Стефано Пиоли се уште официјално не е нов тренер. Хаштагот PioliОut стана топ тренд на Твитер во Италија, а има и многу мемиња со мајтап за новонастанатата ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×