Кога ќе се случи Брегзит, „криминалците“ Меси и Роналдо нема да можат да патуваат во Англија за натпревари од ЛШ!?

by
1 минути читање

Лео Меси, Кристијано Роналдо и уште многу други фудбалери би можеле да не добијат дозвола за влез на „островото“. Како што стојат работите во моментов, Велика Британија по секоја цена сака да ја напушти Европската унија, и постои можност за Брегзит без договор.

При едно вакво сценарио, ќе стапи на сила закон според кој сите лица кои се криминално осудени нема да добијат дозвола за влез. Тоа би значело дека ѕвездите од типот на Лео Меси, Кристијано Роналдо и уште многу други, кои беа осудени за затајување данок, нема да можат да патуваат во Англија и да настапат за своите клубови во Лигата на шампионите.

Според сегашниот закон, и оние со криминално досие добиваат дозвола за патуање во Велика Британија доколку властите оценат дека не се закана за националната безбедност.

„Доколку сте жител на ЕУ и сте криминално осудени, можете да патувате во Велика Британија се додека властите не оценат дека не сте закана за националната безбедност. Има голем број на познати фудбалери кои се обвинети за даночно затајување. Кога ќе се случи Брегзит, големи се шансите тие да не можат да влезат во Велика Британија. Секому на кого му е одредена затворска казна, па дури и условна, нема да добие дозвола. Ова може да донесе големи проблеми во Лигата на шампионите“ – вели Ендрју Осборн, имиграционен адвокат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×