Дибала: Ми падна голема тежина од рамениците

by
1 минути читање

Речиси цело лето Дибала се поврзуваше со заминување од Јувентус иако тој не сакаше да ја промени средината, на крајот успеа во својата намера да остане.

Дибала беше играч на мечот на големото дерби меѓу Интер и Јувентус, постигна гол и беше асистент за вториот погодок со што покажа дека може да има важна улога во големи натпревари.

„Не беше лесно лето за мене“, вели Дибала во интервју за Кориере дела Сера.

„Да си го слушате името како се поврзува со секој тим и секое место, каде што не сакате да одите, не е убава работа“.

„Мислам дека поважно беше да оставам теренот да зборува отколку јас, иако до последниот ден од преодниот рок ништо не се знаеше“.

„Сега чувствувам многу помала тежина на моите рамења и многу сум посмирен. Бев уверен дека под водство на Сари ќе почнам да се забавувам, да работам и да докажам дека вредам. И тоа се обидувам да го правам“.

„Сари и Алегри имаат различни начини на игра и тоа се гледа. Со Алегри направивме многу работи, но мислам дека играме понапаѓачки со Сари и играме повеќе со топката“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×