Сопругата и агент
на Мауро Икарди кој летово од Интер се пресели во ПСЖ како позајмен фудбалер,
тврди дека на Интер му недостасувал аргентинскиот напаѓач во големото дерби
против Јувентус, каде „Нероаѕурите“ изминатиов викенд загубија со 1-2 на
домашен терен.
Тимот на Антонио
Конте по цели шест победи во низа, беа сопрени од големиот ривал за
овосезонското Скудето, а Икарди кој има одлична статистика од дуелите со
Јувентус претходно, беше заменет со Ромелу Лукаку во летниот преоден рок.
„Го гледавме дербито,
секако, во првото полувреме се чинеше дека Интер требаше да биде поупорен, да
стори нешто повеќе“ рече Ванда, а потоа додаде дека Икарди не го пропуштил
дербито.
„Тој не го пропушти
мечот, меѓутоа на нив им недостасуваше во тимот, тоа исто се однесува и на
Серија А општо гледано, како и Лигата на шампионите“ додаде Ванда.
„Мауро постигна
осум погодоци во 11 меча против Јувентус“ заклучи сопругата и агент на Икарди,
алудирајќи на одличната статистика која Аргентинецот ја има против „Старата
дама“.