Поранешниот
долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер откри дека одбил неколку понуди од
клубови во Премиерлигата, а како причина за таквата негова одлука го посочи
токму Арсенал, наведувајќи дека е премногу поврзан со тој клуб.
Французинот е без
ангажман како тренер по заминувањето од Арсенал во мај ланската година по 22
години минати на клупата на таа екипа, иако беше желба на неколку клубови од
Премиерлигата, кои одби да ги откри нивните имиња, тој инсистира дека во случај
да се врати на својата работа, тоа ќе биде вон Островот.
„Јас сум Арсенал,
веднаш потоа сум професионалец, не можам да престанам да работам“ изјави Венгер
за „Скај Спортс“.
„Одлучив да се
повлечам од Премиерлигата бидејќи премногу сум поврзан со Арсенал, имав неколку
можности да работам во Англија, но истите ги одбив, не би сакал да ги откријам
клубовите, бидејќи постојат луѓе кои се на раководни места во поглед на тие
понуди кои ги имав и не би било коректно кон нив да откријам нешто повеќе на
оваа тема“ додаде Французинот.
И покрај тоа што
ерата на Венгер на клупата на Арсенал пред многу години доживеа голем успех,
тој доби големи критики за политиката која ја обавуваше во клубот, меѓутоа 69
годишниот Венгер во поглед на тие критики се бранеше велејќи дека изградбата на
„Емирејтс“ арената вовел големи рестрикции во клубот од финансиска гледна
точка.