Спалети не сака да загуби ни цент од договорот со Интер, Милан разгледува други опции за тренер

by
1 минути читање

Опции за Милан се сега Стефано Пиоли или тренер надвор од Италија. Се споменува Руди Гарсија, но тој се поврзува и со Монако, опција е и Марселино кој ја напушти Валенсија поради недоразбирање со газдите иако беше сакан од фановите и фудбалерите.

Лучијано Спалети има договор со Интер до 2021 година, и проблем е што тој сака во целост да биде исплатен. Нероазурите ќе го раскинат договор со него само доколку се договорат за пристојна компензација.

Стратегот тврдоглаво си ги сака парите, има договор со Интер според кој заработува меѓу 4,5 и 5 милиони евра годишно и не сака да се прости со ниту едно евро, па веројатно ќе го испочитува договорот до крај и ќе биде без работа до 2021.

Во една таква ситуација Милан не може ништо да направи, па раководството на Росонерите почна да разгледува други опции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×