Јирген Клоп може
да здивне, барем за момент, откако првичните медицински тестови врз првата
ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах утврдија дека повредата на Египјанецот не е
од посериозен карактер.
Салах беше
заменет во финишот од пресметката со Лестер на домашен терен изминатиов викенд,
која Ливерпул ја доби со 2-1 за максимални осум победи досега во Премиерлигата,
па така се пријави одредена загриженост на „Енфилд Роуд“.
Повредата на
Салах дојде по еден незгоден дуел со Хамза Чудури, кој доби жолт картон за тој
потег, а Клоп беше бесен на тој старт, посочувајќи дека младиот фудбалер на
Лестер мора да го промени начинот на игра откако беше инволвиран во неколку
стартови со посериозен карактер во завршницата од мечот на „Енфилд“.
Медицинските
тестови над Салах утврдија дека нема некои големи проблеми со глезенот, односно
имало само превиткување на истиот, без притоа да има оштетување на лигаментите.
Следи
рехабилитационен период за Салах во периодот кој претстои, тој ќе биде поштеден
за интернационалната пауза, нешто што се најави уште од претходно, а во
Ливерпул има голема надеж дека тој ќе биде во целост подготвен за пресметката
против Манчестер јунајтед на гостински терен идниот викенд.
Mohamed Salah could be fit to face Man Utd after ankle scan reveals no serious damage. @_ChrisBascombe reports https://t.co/Na83c6A1EV
— Telegraph Football (@TeleFootball) October 7, 2019