Гигс: На Манчестер јунајтед му требаат уште пет засилувања

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед има освоено само девет бодови од седум натпревари, тоа е нивниот најлош старт на сезоната во последните 30 години.

Солшер е под притисок, но Гигс смета дека треба само трпение и уште неколку нови фудбалери.

Во летниот преоден рок Манчестер јунајтед ги купи Хери Мегваер, Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс.

„Им требаат уште четири – пет фудбалери. Солшер купи тројца, но му требаат вкупно седум-осум“, вели Гигс.

„Тоа не можете да го направите во еден преоден рок, па треба трпение бидејќи е бавен процес“.

„Културата се промени, тоа го прави тоа што треба. Потребно му е време“.

Манчестер јунајтед денеска од 17:30 му гостува на Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×