165
Реал Мадрид забележа уште една победа во Примера со што се зацврсти на првата позиција.
Дека Гранада ќе остане со празни раце на Сантијаго Бернабеу најави Бензема уште во втората минута кој погоди за водство од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Азар со убав лоб зголеми на 2-0, тоа беше негов прв гол за Реал Мадрид.
Во 61. минута Лука Модриќ постигна прекрасен гол од далечина за убедлива предност од 3-0 за домаќините.
Осум минути подоцна Ареола направи глупост, прекршок во својот шеснаесетник по што судијата покажа пенал. Мачис намали на 3-1, а Дуарте во 78. реализираше за 3-2 и интересен финиш на мечот.
Печат на победата стави Хамес Родригез во 92. минута од натпреварот.