350
Тотнем и дефинитивно е во криза, за два натпревари прими десет голови.
Денешниот натпревар почна лошо за Тотнем, примија гол уште во третата минута од Мапај, а притоа Хуго Лорис заработи тешка повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот.
По половина час игра Коноли го зголеми резултатот на 2-0, а истиот играч во 65. минута ги постави и конечните 3-0.
Маурицио Почетино е под притисок и покрај тоа што минатата сезона го однесе Тотнем до финалето од Лигата на шампионите.