Изминатово лето, Виктор Валдес се врати на Камп Ноу и доби работа како тренер на Хувенел А тимот. Легендарниот голман, кој со Барса и Шпанија освои се што можеше да се освои, имаше свои замисли за тоа како треба да се работи, но таквите идеи не поминаа кај лидерите, па по само три месеци му се заканува отказ.
Тој синоќа имал средба со првиот човек на академијата, Патрик Клајверт, се шпекулира дека дошло до расправија на која паднале дури и пцовки и навреди.
Холанѓанецот го опоменал дека не ги почитува серијата насоки кои му биле дадени, и неговото однесување не е во согласност со спортскиот план, но и со имиџот на клубот. Виктор Валдес почна да применува формација 4-4-2, па Патрик Клајверт му посочил дека мора да се игра со 4-3-3, формација која по традиција се негува во Барселона и ја применуваат сите, од најмали до најстари.
Имало забелешки и за играчите кои ги користи Виктор Валдес, односно тоа што не им дава минутажа на фудбалери во кои Барса верува многу, и на кои им се дадени нови богати договори.
Виктор Валдес овој викенд нема да биде на клупата на У19 тимот, и ќе чека што ќе решат лидерите, но прилично сите се убедени дека нема шанси за помирување, и клубот ќе му „удри клоца“.