Од играчка – плачка, ФА ја окарактеризира шегата на Силва кон Менди како расизам, може да добие суспезија од шест меча

by
1 минути читање

Бернардо Силва и
Бенжамин Менди играа заедно во Монако, а потоа во пакет се преселија на Етихад
Стадинот. Двајцата се многу добри пријатели и често се шегуваат и мајтапат.

Но последната
шега од играчка стана плачка. Неодамна Бернардо Силва на Твитер постираше слика
од Бенжамин Менди како дете и го спореди со маскотата која е заштитен лин на
брендот за чоколада „Конгитос“.

Левиот бек на
Манчестер Сити не виде ништо лошо во ова, убаво се изнасмеа, призна дека
Португалецот повел со 1-0 и најави дека добро ќе му врати.


Но голем број на
корисници на социјалната мрежа го нападнаа Бернардо Силва и го обвинија дека
тој упатил расистички навреди. Потоа реагираа и организациите кои се борат за
исфрлање на расизмот од фудбалот, па работата стигна и до Фудбалската
асоцијација на Англија.

Бернардо Силва на властите им ја
објасни својата постапка и порачал дека немал навреда да навреди никого, а писмо до ФА пиша и самиот Бенжамин Менди кој истакнал
дека не е навреден и дека едноставно се работи за шега помеѓу двајца добри
пријатели.

Сепак, ФА
очигледно не гледа така на работите, па покрена постапка против Бернардо Силва.
Доколку Португалецот биде прогласен за виновен, може да добие суспензија и до
шест меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×