Реал Мадрид објасни зошто Куртоа остана во соблекувалната на полувремето

by
0 минути читање

Тибо Куртоа имал проблеми со стомакот и затоа не излегол на теренот во второто полувреме.

„Куртоа имаше стомачен проблем“, потврди директорот на клубот, Емилио Бутрагењо по мечот.

„Ареола не спаси кога беше 2-1, тој беше многу добар“.

Перфромансите на Куртоа се очајни во дресот на Реал Мадрид, па многумина неизлегувањето на голманот во второто полувреме го протолкуваа како замена на Зидан поради двата примени гола од Клуб Бриж.

Вадењето на голман на полувреме се толкува и како понижување, па можно е клубот само да сака да го заштити Куртоа со приказната дека имал стомачни проблеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×