Интер тргна со
реми против Славија Прага на домашен терен, а „Нероаѕурите“ можеа и без бодови
да стартуваат во Лигата на шампионите откако мака мачеа како барем до бод од
дуелот против чешкиот претставник.
Ќе биде интересно
утревечер на „Камп Ноу“ каде ќе се судрат Барселона и Интер во дербито на
вечерта, меѓутоа љубителите на фудбалот ќе бидат оневозможени за уште поубава
претстава на теренот бидејќи првата ѕвезда на домаќините, Лионел Меси не е
извесен за стартната постава, а гостите имаат сериозен проблем во нападот.
Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, дефинитивно Ромелу Лукаку ќе
отсуствува во составот предводен од Антонио Конте, а веста ја потврди и самиот
италијански фудбалски стратег за време на пресконференцијата во пресрет на
утрешната пресметка.
„Лукаку не е со
нас, тој има проблеми со мускулот, проблем со кој се соочува десетина дена, тој
продолжи да ги чувствува болките иако медицинските тестови кои беа извршени над
него беа негативни, сепак, не сакаме да ризикуваме“ рече Конте обелоденувајќи
зошто Белгиецот остана во Милано.
Исто така, во
Италија пренесуваат дека белгискиот напаѓач е неизвесен и за дерби пресметката
со Јувентус во недела во рамките на Серија А.