По шокантниот
пораз на гости кај ПСЖ во првото коло од 3-0, каде „Кралевите“ не успеаа да
упатат ниту удар во рамките на голот на францускиот првак, вечерва Реал Мадрид
нема право на кикс во дуелот пред своја публика против Бриж во второто коло.
На „Сантијаго
Бернабеу“ овој пат Бејл ќе отсуствува во триото од нападот, а освен него, во
составот на Зинедин Зидан нема место ниту за Хамес Родригез, кој се води како повреден, а наводно Зидан за вечерва ќе го одмори Бејл, барем таква причина се наведува за неговата одлука околу изоставувањето на Велшанецот.
Францускиот
фудбалски стратег се реши за формација 4-3-3, со сигурен среден ред составен од
Модриќ, Кашемиро и Крос, а во нападот се најдоа Азар, Бензема и Васкез, гостите
веројатно нема да калкурираат, па и тие ќе настапат во супер-офанзивна
формација од 4-3-3.

Во втората
пресметка за денеска која стартува во идентичен термин како и пресметката во
Мадрид, Аталанта на домашен терен го пречекува тимот на Шахтер во обид да се
рехабилитира по убедливиот пораз на гости кај Динамо Загреб со 4-0 во воведното коло.
Домаќинот тргнува
офанзивно, барем така можеме да претпоставиме со оглед на формациската
поставеност, гостите малку претпазливи, со Жуниор Мораеш како единствен
централен напаѓач во поставеноста. Кај домаќините ќе напаѓа триото Гомез –
Иличиќ – Запата.
