ВАР од оваа
сезона се применува и во Премиерлигаа, и видео технологијата често е
критикувана на „островото“. На Англичаните им пречи тоа што се судат
милиметарски офсајди, или офсајди на зачетокот од акцијата, како и тоа што се
се прават предолги паузи за да се прегледаат спорните моменти.
Но ВАР синоќа
спречи голем циркус на Олд Трафорд. При голот на Пјер Емерик Обамејанг,
помошникот судијата го подигна знаменцето за офсајд, неразбирлива одлука со
оглед на тоа дека напаѓачот на Арсенал беше добри два метри во дозволена
ситуација.
Оле Гунар Солшер
признава дека голот бил регуларен и ВАР исправно интервенирал, но и покрај тоа го
критикуваше линискиот судија. Стратегот верува дека неговите играчи застанале
кога го виделе знаменцето подигнато, па напаѓачот на Арсенал имал полесна
задача да ја затресе мрежата.
„Ешли Јанг ја подигна раката бидејќи гледаше право во помошникот. Можеби малку се
двоумеше. Веројатно можеше да се врати и да блокира, тоа веројатно ќе му
помогнеше на Де Хеа. Голот беше чист како солза, но знаменцето мораше да остане долу. Кога помошникот го
крена знаменцето, влијаеше на ситуацијата“ – вели Норвежанецот.
Ова не е
единствената замерка на тренерот на Манчестер јунајтед, Солшер верува дека
требале да добијат пенал на 1-0, кога топката го погоди Колашинац во рака.
„Тоа беше пенал. Подобро е судијата да покаже на белата точка па потоа да се консултира
со ВАР доколку не е 100% сигурен. Јас мислам дека беше пенал, а сигурен сум
дека и фановите на Манчестер јунајтед беа убедени дека е пенал“.