Во последниот
натпревар од седмото коло во Премиерлигата, Манчестер јунајтед и Арсенал ги
поделија бодовите.
Домаќините
поведоа пред крајот на првиот дел кога Мектоминеј од врвот на шеснаесетникот
прекрасно биеше под пречката за 1-0.
„Топчиите’
стигнаа до изедначување во 58. минута кога Туанзебе погреши при една вратена
топка а Обамејанг го матираше Де Хеа за 1-1. Славјето на Арсенал на кратко беше
прекинато откако помошникот неочекувано го крена знаменцето и покрај тоа што
напаѓачот на гостите беше два метри во дозволена позиција. За среќа ВАР ја
преиначи одлуката и Кевин Френд покажа кон центарот.
Манчестер
јунајтед се обиде повторно да се врати во водство, Мектоминеј промаши зицер од
пет метри при еден корнер, а во финишот Лено со крајни напори го спречи обидот
на Рашфорд од слободен удар.