Парите повторно поважни од спектаклот, одреден терминот за првото „Ел Класико“ оваа сезона

by
1 минути читање

Првото „Ел
Класико“ оваа сезона ќе биде на програмата во сабота, 26. октомври со почеток
во 13 часот, ваква вест попладнево беше објавена во емисијата Вамос. Ова е прилично непопуларен термин за клубовите и фановите од
Шпанија, па и оние од Европа.

Сепак, 13 часот е
идеален термин за што е можно повеќе гледачи ширум светот (во Кина и другите
земји од Азија и Далечниот Исток ќе биде во ударен термин) а со тоа и за правање
што е можно повеќе пари.

Ова нема да биде прва
пресметка помеѓу Барселона и Реал Мадрид во овој термин. Двата лути ривали ги
одмерија силите во 13 часот и пред две години, тогаш мечот се играше на
Сантијаго Бернабеу а „каталонците“ славеа со 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×