Напаѓачот ова
лето реши да се врати во Калчото и потпиша за Бреша, клубот од градот во кој
живеел како дете и од каде потекнува семејството кое го посвоило кога тој имал
три години.
Популарниот
„Супер Марио“ мораше да ги прескокне првите четири кола во Серија А поради
суспензијата која ја доби во завршницата од минатата сезона кога ги бранеше
боите на Марсеј.
Италијанецот синоќа
конечно се појави во дресот на Бреша и одигра цел натпревар против Јувентус.
Тој веднаш креираше контроверзија, по последниот свиреж беше прилично лут на судиите
и ги овини дека сегакош судат во полза на „старата дама“.
Но хејтерите му
најдоа уште една забелешка на лошото момче Балотели и го обвинија дека пушел
цигара во соблекувалната непосредно пред да излезе на теренот.
ДАЗН како дел од
преносот добива ексклузивен пристап до соблекувалнити, за да им долови на
љубителите на фудбалот како изледаат последните подготовки на фудбалерите. Во
еден кадар, кој е прилично матен, се гледа како Марио Балотели доближува нешто
до устата. Со оглед на тоа дека тој и во минатото во голем број наврати бил уловен како пуши, веднаш
беше обвинет дека се работи за цигара и покрај тоа што не се гледа дим.
Сепак, еден негов
пријател скокна во одбрана и за медиумите од Италија ја разјасни ситуацијата.
Во разговор со
Кориере дела Сера, тој открил дека се работи за приватен момент, и Марио
Балотели всушност бакнувал крст во чест на неговиот покоен татко Франко, кому
му дал ветување дека ќе стори се за да се врати во националниот тим.