За разлика од првата сезона во Лигата на нации, овој пат Лига А ќе има 16 репрезентации. Со оваа промена Германија, Полска, Исланд и Хрватска го задржаа местото во најсилната дивизија и покрај тоа што требаше да испаднат.
По 16 селекции ќе бројат и Лига Б и Ц, а во Лига Д ќе има само седум селекции.
Во сезоната 2020/2021 нема да има пласман на првенство бидејќи следува Мундијалот во Катар, па ќе се игра само за промоција и опстанок во четирите лиги.
Како и претходно што требаше да биде, последните четири селекции од четирите групи во Лига А одат во лига Б а нивното место ќе го завземат победниците во четирите групи од Лига Б. Така ќе биде и во премините од Б во Ц лигата и обратно.
Промена има за лигата Д каде што сега се само седум селекции. Таму ќе бидат формирани две групи, едната ќе брои четири, другата три селекции. Победниците во двете групи одат во Лига Ц, а од Лига Ц во Д ќе испаднат две репрезентации. Последните четири ќе играат плејоф, а најслабите две испаѓаат.

Во Лигата Д се селекциите на Гибралтар, Андора, Фарски Острови, Малта, Летонија, Сан Марино и Лихтенштајн. И се претпоставува дека од оваа лига веќе нема да има пласман на Европско првенство, но УЕФА тоа ќе го потврди за две години, прет третата сезона од Лига на нации.
Македонија беше победник во својата група од Лига Д минатата сезона и има голема шанса преку Лига на Нации да дојде до Европското првенство. Во иднина ако дојдеме во ситуација да играме во Лига Д ќе значи дека сме го допреле дното.