УЕФА веќе ги
прогласи најдобрите за изминатата сезона, Вирџил ван Дајк ги изненади
Кристијано Роналдо и Лео Меси и стигна до оваа награда минатиот месец на
церемонија во Монако.
Синоќа во Милано
беше организирана гала вечера од страна на ФИФА и светската куќа на фудбалот ги
прогласи најдобрите во својот избор. Овој пат Лео Меси ја победи конкуренцијата
и го доби трофејот „Д Бест“.
Од индивидуалните
награди останува уште „Златната топкна“ на Франс Фудбал, веројатно најпрестижното
признание од сите три. Лука Модриќ беше крунисан минатата година и Хрватот ја
прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Лео Меси која траеше една декада.

Дали Вирџил ван
Дајк ќе успее да го повтори тоа и ќе стане само вторито дефанзивец кој стигнал до оваа награда, или Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе се вратат
на тронот останува да видиме, но според синоќешното гласање на ФИФА дава одредени сигнали,
За наградата „Д
Бест“ гласаат капитените и селекторите на националните тимови, фановите и
новинарите.
Лео Меси освои
најмногу бодови од капитените (377), пред Ван Дајк (337) и Роналдо (330).
Аргентинецот беше и прв избор на селекторите со 379 бодови, Кристијано доби 307
бодови а Ван Дајк 289 бодови. Ѕвездата на Барселона ги собра и гласовите од
фановите со 1.359.729, пред ЦР7 со 963.919 и столбот на Ливерпул со 704.235.
Судејќи по ова,
Лео Меси делува како прв фаворит за „Златната топка“, но проблем за
Аргентинецот е тоа што за оваа награда одлучуваат новинарите.
А токму
новинарите за наградата „Д Бест“ му дадода дури 462 бода на Ван Дајк, речиси
100 повеќе од Лео Меси кој доби 364 бодови. Кристијано Роналдо пак имаше речиси
200 бодови помалку односно 264.
Оав гласање дава поинаква слика и го прави Вирџил ван Дајк прв фаворит, Лео Меси треба да му биде најсериозен кандидат, а Кристијано Роналдо речиси и да нема шанси.