Не знаеше кај тера, судија дојде мртов пијан на фудбалски натпревар во Чешка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во Чешка пред
неколку години имаше голем скандал кога на мечот помеѓу Прибрам и Славија дури
двајца судии се појавија пијани. Четвртиот судија комично трчаше крај аут
линијата и го имитираше секој потег на линискиот судија, а судијата кој стоеше
крај голот, уринираше на теренот на сред натпревар.

Казните беа
драконски, но очигледно памет на сите не им доаѓа. Изминатиов викенд на
фудбалски натпревар од младинската категорија, линиска судија дојде мртов
пијан.

Тој не знаеше кај
тера, падна на земјата а кога луѓето од обезбедувањето го замолија да го
напушти теренот, тој им се спротивстави и реши да продолжи и покрај тоа што не
знаеше каде се головите, топката и играчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×