170
Португалската
фудбалска федерација не трошеше време за веднаш да испрати порака до Лионел
Меси кој го доби признанието за најдобар фудбалер за 2019. година во изборот за
наградата „Д Бест“ на синоќешната гала вечер во Милано.
Ѕвездата на
Јувентус и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо кој претходно го
освои тоа признание во 2016. односно 2017. година, заврши на третото место во
изборот зад Меси и Вирџил Ван Дајк, меѓутоа од куќата на фудбалот во
Португалија брзо се одзваа со објава на социјалните мрежи упатувајќи максимална
поддршка до својот фудбалер, објавувајќи фотографија со него со коментарот „НАЈДОБРИОТ ДОСЕГА“.
data-lang="en">