Фудбалерите на Барса ја губат довербата во Валверде

by
1 минути читање

Бранителот на
шампионската титула во Примера, тимот на Барселона го бележи својот најлош
старт во последните 25 години, а последниот пораз кај Гранада со 2-0 се чини го
вклучи алармот кај Каталонците, на тапет се најде шефот на стручниот штаб
Ернесто Валверде.

Според
информациите кои ги објави „ЕСПН“, се вели дека неколку фудбалери на Барселона
веќе почнале да ја губат довербата кај Валверде, а тој е под голем притисок од
јавноста откако шокантниот пораз кај Гранада ги оддалечи на четири бода зад
лидерот во Примера Атлетик Билбао (11) по пет одиграни кола досега.

Со седум освоени
бода досега во Примера, Барселона го бележи најслабиот старт во сезоната од
1994/95, а се чини дека до крајот на идната седмица ќе биде период од големо
значење за Валверде, можеби и круцијален момент за него.

Следат три
натпревари за Каталонците во следните десетина дена, вечерва Каталонците на
домашен терен го пречекуваат Виљареал, а во сабота следи гостувањето кај
Хетафе, исто во Примера. Веќе идната среда на „Камп Ноу“ гостува Интер во
рамките на второто коло од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×