Барселона има лош старт на сезоната, а тренерот Валверде се наоѓа под се поголем притисок.
По поразот на гостувањето кај Гранада каде што Барселона имаше само еден шут во рамките од голот на противникот, утре Каталонците го пречекуваат Виљареал, меч кој е значаен од повеќе аспекти.
Лео Меси одигра 31 минута во Дортмунд, и 45 минути во мечот против Гранада, но против Виљареал прв пат ќе биде стартер оваа сезона.
Се верува дека Валверде мечот ќе го почне со триото кое беше планирано да биде основната офанзива од која противниците ќе стравуваат. Меси, Гризман и Суарез треба да се најдат од првата минута на теренот.
Доколку Барселона утре одигра меч како што очекуваат навивачите, работите може брзо да се свртат кон подобро, кризата да стане минато и Валверде да ја сочува фотелјата. Но доколку Барселона и со оригиналната офанзива направи кикс против тим каков што е Виљареал, на тренерот речиси и ќе му нема спас.
Утре во Шпанија почнува шестото коло, а Барселона од 21 часот на Камп Ноу ќе го пречека Виљареал.