Чави: Сакам да бидам тренер на Барселона

by
2 минути читање

Чави ги прави првите чекори во тренерската кариера со Ал Сад од Катар, клубот каде ги помина последните четири години како фудбалер.

Чави работи таму, но мисли на Европа, не крие дека еден ден сака да биде тренер на Барселона.

„Не кријам, мојата цел е да се вратам во Европа и да се вратам во Барселона, тоа е мојот предизвик, но се уште учам во овој проект и уживам во него“, вели Чави.

„Исто така имав желба да бидам фудбалер на Барселона и ми се оствари“.

„Тренирањето на таков тим би било привилегија, најголемата привилегија за мене би било да се вратам во Барселона“.

Но, Чави не отфрла ниту работа во Премиерлигата.

„Враќањето во Барселона е моја цел, но кој не би сакал да работи во Премиерлигата? Фудбалската атмосфера, стадионите и луѓето кои играат во Премиерлигата се исклучителни“.

„Јасно е дека ако треба да бирам, би одбрал голем тим како Сити или Јунајтед, Челси, Арсенал или Тотнем“.

„Гвардиола е најдбриот тренер во светот, а јас сум новајлија. Споредбата помеѓу мене и него како фудбалери е океј, но не можеме да се споредуваме како тренери“.

„Заљубен сум во фудбалот на Гвардиола. Сега почнав да работам како тренер, и гледам различни методологии“.

„Можете да победувате играјќи фудбал на различни начини, но ми се допаѓа оној на Сити и на Гвардиола највеќе. Многу ја следам Премиерлигата и ми се допаѓа“.

„Гвардиола е пример за мене. Како играч секогаш бил пример бидејќи игравме на иста позиција, поминавме три години заедно во Барселона како играчи и потоа четири години ми беше тренер“.

„Тој е фантастичен, бара многу, пасиониран е, има опсесија, затоа е толку добар. Научив многу од него и уживав додека играв за него“.

Во моментов се тресе столчето на Валверде, па Чави иако не е многу искусен во тренерската работа можеби треба да биде опција за негов наследник. Ниту Гвардиола не беше искусен кога стана тренер на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×