Рабио како незадоволен го напушти ПСЖ и премина во Јувентус, а веќе успеа да се разочара и од италијанскиот шампион.
Веројатно тој очекувал да има загарантирано стартно место, но работите не се одвиваат така.
Тој одигра само 27 минути во првите четири натпревари на Јувентус во Серија А.
„Што може да мисли Рабио? Дека Матуиди е одличен“, изјави Сари по мечот со Верона на прашањето поврзано со францускиот фудбалер.
Според италијанските медиуми, Рабио е нетрпелив и сака колку што е можно побрзо да влезе во стартниот тим и постојано да биде таму.
Сари ги преферира Матуиди, Кедира и Пјаниќ во средниот ред.
Доколку Рабио не успее да влезе во стартниот тим на Јувентус, веројатно и не вреди колку што си мисли па ќе мора загарантирано време на теренот да бара во помал тим.