Поранешниот
тренер на Челси, Жозе Мурињо е загрижен по тоа што го виде на „Стемфорд Бриџ“
по дербито со Ливерпул кое Челси пред своја публика го загуби со 1-2, тоа беше
нивен втор пораз на свој терен во само шест денови.
„Сините“ од
Лондон се уште немаат победа под кормилото на Лампард на домашен терен, меѓутоа
фановите на таа екипа не го криеја задоволството од доброто издание против
европскиот првак, па го испратија тимот на Лампард со аплауз по мечот, за што
Мурињо имаше коментар на тоа.
„Се надевам нема
да се навикнат на такво нешто“ рече Мурињо за „Скај Спортс“.
„Тоа е нешто
многу важно, бидејќи, штом почнете да ги прифаќате поразите само заради тоа што
вашиот тим одиграл добро, или бидејќи вашите фудбалери го дале максимумот,
перформанси за кои луѓето се горди, мислам дека кога ќе се навикнете на такво
нешто, тогаш големиот клуб престанува да биде голем во тие моменти“ додаде
Португалецот.
„Така јас сметам
дека тие не треба да се навикнат на такво нешто, но, мислам дека луѓето веќе се
подготвени на тоа што сезоната ќе биде таква за нив, тие се подготвени да го
поддржат еден од најдобрите
професионалци со кои јас сум работел, тој е тренер со голем потенцијал“ заклучи
Мурињо на крајот упатувајќи и пофалби до Лампард во кого гледа одличен тренер
во иднина.