„Црвените“ година
дена немаа победа на гости кај екипа од топ 6, но избраниците на Јирген Клоп ја
прекинаа оваа мала лоша серија и попладнево триумфираа на Стемфорд Бриџ.
Резултатот беше
отворен во 14. минута кога по еден слободен удар од врвот на шеснаесетникот
Салах со пета остави за Александер Алнолд а Анличанецот неодбранливо биеше во
аголот за 0-1.
Азпиликета
мислеше дека донесе изедначување во 27. минута, но славјето беше залудно откако
ВАР го поништи голот поради офсајд на зачетокот од акцијата. Кратко потоа Фирмино
одлично се снајде покрај двајца дефанзивци и со глава донесе водство од 0-2.
„Сините“ не се
предадоа и во 71. минута преку Канте намалија на 1-2, но тоа беа се што сторија
па „црвените“ го задржаа 100% учинок и ја забележаа 15-та победа во низа во Премиерлигата.
Арсенал направи
голем кам-бек откако со играч помалку ја совлада Астон Вила. Гостите два пати
водеа, најпрво со 0-1, а потоа и со 1-2, но со головите на Чемберс и Обамејанг
во завршницата од мечот, „топчиите“ ги однесоа трите бода.
Претходно, Вест
Хем го совлада Манчестер јунајтед со 2-0 а Кристал Палас и Вулверхемптон
одиграа 1-1.