Елиф Елмас одново
беше стартер за Наполи. Македонецот доби шанса од првата минута на гостувањето
кај Лече и одново одигра одлично на средината од теренот со минимален број на грешки во убедливата победа од 1-4.
Резултатот беше
отворен во 28. минута кога една одбиена топка стигна до Љоренте и Шпанецот
рутински реализираше за 0-1. Пред крајот на првито дел Инсиње од белата точка
зголеми на 0-2. Капитенот го промаши првиот обид, но судијата го понови
пеналот, а напаѓачот во вториот обид не погреши.
На стартот од
вториот дел, Руиз донесе 0-3 и веќе тука беше јасно дека гостите ќе ги однесат
трите бода, Манкосу од пенал по еден час игра постигна почесен гол за Лече, а
Љоренте во 82. минута со својот втор гол ги постави конечните 1-4.
Един Џеко со гол
во последните секунди донесе големи три бода на незгодното гостувањето кај
Болоња.
Коларв на стартот
од второто полувреме прекрасно биеше од слободен удар за 0-1, но само пет
минути подоцна домаќините од пенал изедначија на 1-1. Рома потоа остана со
играч помалку, но и покрај тоа Един Џеко во 94. минута донесе 1-2 за
„волчицата“.
Сампдорија со 1-0
го совлада Торино, а на првиот денешен натпревар, Сасуоло со 3-0 го совлада
СПАЛ.