Балотели потпиша за Бреша, но се уште ја издржува казната од Олимпик Марсеј каде што доби четири меча суспензија.
„Мислам дека изминатиот месец работев напорно како што никогаш не сум работел досега“, вели Балотели.
„Јасно е дека немам натпреварувачки фитнес, бидејќи играв само на два пријателски меча, но во одлична форма сум. Последниот пат кога ја имав оваа тежина тоа беше во Манчестер Сити“.
„Се разбира, мојата цел е да играм за Италија на Европско, но мојата главна цел во моментов е да влезам во форма колку што е можно побрзо во дресот на Бреша“.
Дебито на Балотели за Бреша најверојатно ќе се случи против Јувентус. Тој вели дека не го интересира тоа што ќе игра против Роналдо.
„Роналдо е еден од најдобрите играчи во светот и добро е кога ќе се соочите со најдобрите, но јас ќе се обидам да дадам гол и да одиграм добар натпревар. Неговото присуство не ме интересира“.