Френки де Јонг
верува дека сите проблеми околу неговите перформанси во дресот на Барселона на
натпреварите против Бетис и Осасуна биле само негова вина, а не поради
промените во формациската поставеност кои ги прави Ернесто Валверде.
Валверде го
користеше младиот Холанѓанец во повеќе улоги во средината од теренот, отколку
едната и единствена улога која ја имаше во периодот во Ајакс, како и
холандската репрезентација.
„Ова е едноставна
позиција на теренот и во следните натпревари ќе биде подобро“ рече Де Јонг во
изјавата за „Ел Периодико“.
„Морам да се
адаптирам и веќе разговарав со Валверде околу проблемите, имавме и видео
анализа од натпреварите, тренерот не треба да ме прашува каде јас преферирам да
играм, тој е тренер и тој одлучува“ додава тој.
„Во Ајакс, како и
во националниот тим играм во централниот дел од средината, но тоа е различно,
бидејќи игравме со двоен пивот, против Бетис и Осасуна играв пошироко, но,
доколку не сум одиграл добро тоа е само моја вина, луѓето почнуваат да
дебатираат околу мојата позиција, прашувајќи дали треба да играм на таа, или
онаа позиција, тоа е лудо“ заклучи Де Јонг.