Чави има големи очекувања од Стерлинг: Тој може да биде број еден во светот по Меси и Роналдо

by
1 минути читање

Легендата на
Барселона, Чави го пофали Рахем Стерлинг од Манчестер Сити поради тоа што
Англичанецот според него води во трката кој фудбалер ќе ги замени Лионел Меси и
Кристијано Роналдо како најдобар фудбалер во светот.

Меси и Роналдо
доминираа во наградите за најдобар фудбалер на светот многу години наназад,
тешко е да се памети период пред нив, Меси е најдобриот на сите времиња, но,
тоа е мој став, иако игра на високо ниво подолг период заедно со Роналдо, брзо
ќе дојде времето кога некој ќе мора да направи исчекор во однос на нив
“ изјави
Чави кој додаде и листа со четворица кандидати.

Да ги погледнеме
помладите фудбалери кои можат да бидат крунисани во иднина за најдобри во
светот, тука се Нејмар, Мбапе, Салах, и секако Стерлинг, сметам дека Стерлинг
веќе води во таа трка, секогаш е добар, опасен фудбалер, но, под водство на Пеп
Гвардиола тој стана еден од најдобрите во светот
“ посочи тој, наведувајќи дека токму во Стерлинг гледа прва фудбалска ѕвезда во светот во периодот кој претстои, односно, после Меси и Роналдо.

Знам како работи
Пеп, тој работи мошне близу до Стерлинг од периодот кога се заедно, убеден сум
дека знае точно каде тој треба да се развива и на кое поле да работи. Сега го
гледаме резултатот од таа работа, тој се уште е млад, но, може да биде
најдобриот во светот
“ заклучи легендарниот Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×