Синот на Шевченко тренира во Челси, а може да бира меѓу четири репрезентации

by
1 минути читање

Шевченко потврди дека неговиот син тренира во академијата на Челси во Лондон.

„Мојот втор син тренира во академијата на Челси. Тоа е многу добра академија од која излегле многу одлични фудбалери“, вели Шевченко.

Интересно, малиот Шевченко доколку стане голем играч ќе може да избира за која држава да настапува. Тој е роден во Лондон и има англиско државјанство, по татко му е Украинец, а по мајка му може да земе американско и полско државјанство, таа е американски модел со полско потекло, Кристен Пазик.

„Доколку дојде до момент да треба да се бира, ќе седнеме и ќе зборуваме“, изјави Андриј Шевченско за изборот кој го има неговиот син.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×