Интер се спаси од пораз во завршницата против Славија Прага, реми и на дуелот помеѓу Лион и Зенит (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Славија Прага
беше на чекор до големо изненадување на гостувањето кај Интер каде до самата завршница имаше минимално водство од 0-1, а голот беше постигнат во второто полувреме, откако во првото мрежите
мируваа на обете страни.

Олајинка во 63.
минута го постигна водечкиот гол за Славија Прага, а израмни Барела во 90. минута. Во истата група, со почеток од 21 часот се
среќаваат Борусија Дортмунд и Барселона.

Лион и Зенит
ремизираа играјќи со резултат 1-1, а гостите први дојдоа до водство откако
Азмун во 41. минута погоди за водство на Зенит, израмни Депај од пенал во 50.
минута, а уште во таа фаза на мечот беше поставен конечниот исход од средбата.
Во оваа конкуренција, со почеток од 21 часот се среќаваат Бенфика и Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×