756
Денеска
стартуваат големите возбудувања во новата сезона од Лигата на шампионите, а
италијанскиот првак Јувентус стартува со гостувањето кај Атлетико Мадрид, тој
меч се игра утревечер, а од тренингот на „Старата дама“ ни пристигнува едно
доста интересно видео.
За време на
популарната шева, Гонзало Игуаин доби добар „мајтап“ од своите колеги кои си
поигруваа со него, тој брзо ги загуби нервите по што за момент „настрада“
рекламното пано, а со повреда можеше да се здобие и еден од помошниците на
Маурицио Сари.