Братот на Меси средува нов богат договор за Ансу Фати, ова се сумите кои ќе ги добие новата сензација на Барса

by
1 минути читање

Младиот Ансу Фати ги искористи повредите на соиграчите во Барселона, поради кои доби место во првиот тим и блесна во изненадувачко добро издание.

Тој веќе постигна два гола и имаше асистенција во три настапи за Барселона.

Информациите од Шпанија велат дека Барселона сака да потпише нов договор со својот играч, а негов претставник во преговорите е Родриго Меси, братот на Лео.

Се верува дека Фати за продолжување на договорот ќе добие бонус од 700.000 евра. А неговата плата ќе зависи од тоа дали ќе биде во првиот или во тимот Б на Барселона.

Доколку остане во Барселона Б, Ансу ќе заработува 300.000 евра во првата сезона, но ако биде во првиот тим во првата година ќе има плата од милион евра. Планирано е прогресивно зголемување на неговата плата.

Плата како член на Барселона Б

Прва година: 300.000 евра

Втора година: 350.000 евра

Трета година: 400.000 евра

Четврта година: 500.000 евра

Петта година: 600.000 евра

Плата како играч на првиот тим

Прва година: 1.000.000 евра

Втора година: 1.250.000 евра

Трета година: 1.500.000 евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

×