Кутињо: Баерн Минхен е како едно семејство, среќен сум во овој клуб

by
1 минути читање

Филипе Кутињо ова
лето се пресели во редовите на Баерн Минхен каде сезонава ќе игра како позајмен
фудбалер, а Бундеслигашот веројатно добро се организирал за пречекот на
Бразилецот кој вели дека клубот е како едно семејство.

Уште во првите
денови откако дојдов тука, тие ми ги покажаа сите објекти на клубот, ги
запознав моите нови соиграчи, а секако имав и средба со тренерот
“ изјави
Бразилецот.

Секој ден се
чувствувам се подобро, навистина сум среќен тука
“ додава Кутињо кој потенцираше
дека во клубот има до толку голема позитивна енергија, за што тврди дека Баерн
Минхен наликува на едно семејство.

Сешто се случува тука, начинот на
организација и слично, наликува на едно семејство. Знам нешто од тоа од времето
кога бев во Ливерпул, но, тука, дури се чувствува дека ова е дури и нешто
повеќе од семејство
“ посочи Кутињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×