Белгиецот пред
две недели беше мета на расистички навреди на гостувањето кај Каљари, инцидент
кој одново ја разбранува италијанската јавност. Ромелу Лукаку сега одново е во
центарот на вниманието, и еден новинар доби отказ за своите коментари кои
всушност се расистички.
Искусниот Лучано
Пасирани во емисијата Топ Калчо 24 објаснуваше колку е добар напаѓачот, го
фалаше, но сето тоа падна во вода коа на крајот рече дека единствен начин за да
биде сопрен е да му се фрлат 10 банани.
„Лукаку е едно од
најдобрите засилувања на Интер, тешко дека можеа да направат подобра зделка. Не
гледам играч од негов калибар во било којдруг клуб од Италија. Тој е еден од
најсилните, ми се допаѓа многу поради силата која ја поседува. Тој е брат
близнак на Дуван Запата од Аталанта. Двајцата имаат нешто екстра што останатите
го немаат, постигнуваат голови и го влечат тимот напред. Овие момци ве убиваат
кога се еден на еден, ако се обидете да им се спротивставите ќе ве залепат на
подот“ – изјави искусниот новинар, но погреши со последната реченица.
„Единствен начин
да го сопрете Лукаку е да му фрлите да јаде 10 банани…“
Неколку часа по
ваквата контроверзна изјава пристигна вест дека Лучано Пасирани добил отказ и
повеќе нема да се појавува во емисијата.