Братот на Дибала го „пецна“ Сари: Виолината не може да свири убава музика доколку недостасува жица

by
1 минути читање

Фиорентина му „отсече“
два бода на шампионот на Италија, Јувентус, откако вчера обете екипи ремизираа
во меч без погодоци, а Пауло Дибала не доби ниту една минута прилика за настап
од Маурицио Сари.

Братот на
аргентинскиот фудбалер, како и негов претставник, Густаво Дибала упати
саркастична порака до шефот на стручниот штаб на „Старата дама“ веднаш по
мечот.

Виолината не
може да свири убава музика доколку недостасува жица
“ напиша Густаво на
социјалните мрежи, упатувајќи директна порака до Сари по неговата одлука да го
изостави Аргентинецот.

Сепак, Дибала би
можел во периодот кој претстои да добива поголема минутажа, и тоа најмногу
поради тоа што Коста, Данило и Пјаниќ се повредени, а Дибала од поодамна е на
излезна врата од Јувентус, клубот не успеа да се договори со Тотнем, Манчестер
јунајтед и ПСЖ за негов трансфер во веќе изминатиот летен преоден рок, но, не
се отфрла можноста тоа да се случи во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×