Ливерпул со пресврт до победа над Њукасл (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул дојде
победа од 3-1 во дуелот со Њукасл на домашен терен во рамките на петтото
редовно коло во Премиерлигата, а гостинот прв дојде до предност на пресметката
на „Енфилд“.

Вилемс уште во 7.
минута со еден прекрасен гол навести изненадување против големиот фаворит донесувајќи го Њукасл во
почетно водство од 0-1 уште во раната фаза од мечот, меѓутоа домаќинот брзо се
разбуди.

Мане со два гола
во серија, најнапред во 28. минута, а потоа и во 40. минута донесе пресврт за
Ливерпул, а со голот на Салах во 72. минута беше поставен и конечниот резултат
од 3-1 во корист на тимот на Јирген Клоп кој со максимални 15 бода е лидер во
Премиерлигата во моментов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×