Азар и Куртоа сакаат повторно да бидат соиграчи со една ѕвезда на Челси

by
1 минути читање

Еден Азар и Тибо
Куртоа наводно силно посакуваат Н
Голо Канте повторно да им биде соиграч, овој пат во Реал Мадрид, тие
обајцата веќе си заминаа од редовите на Челси, а тоа посакуваат да го стори и
Французинот.

Според пишувањата
на „Атлетик“, се вели дека белгискиот двоец посакува Канте да ги следи нивните стапки, а останува дилемата колку Реал Мадрид е заинтересиран за
едно такво сценарио.

Се верува дека
Азар и Куртоа се убедени во тоа дека францускиот фудбалер од средниот ред е
перфектна солуција за Зинедин Зидан во обидите да се врати тимот на старите
победнички патеки по лошата ланска сезона.

Истовремено,
шпекулациите велат дека Азар и Куртоа веќе им се довериле на своите најблиски
пријатели и им посочиле дека чувствуваат дека Реал Мадрид би требало да му
постави статус на Канте како приоритетно засилување веднаш штом дојде идниот
преоден рок, поточно во јануари, и покрај тоа што Зидан го посакува Пол Погба
од Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×