Болницата каде
Синиша Михајловиќ има втора фаза од хемотерапија тврди дека шефот на стручниот
штаб на Болоња е во одлична состојба во моментов, а како за потсетување во
однос на претходно, на Србинот му беше дијагностицирана агресивна леукемија за
време на летото.
Михајловиќ ја
заврши првата етапа од третманот за леукемијата на 28. август, а воедно се
најде на клупата на Болоња за воведните натпревари против Верона и СПАЛ од
новата сезона во Серија А, изненадувајќи многумина со своето појавување, а за
неговото појавување во јавноста доби и дозвола.
Веќе има потврда
денеска дека тренерот на Болоња почнал со втората фаза од својата хемотерапија,
а од болницата „Сант’Орсола-Малпиги“
се произнесоа околу тоа каква е неговата состојба.
„Состојбата на
пациентот е многу добра, тестовите кои беа направени пред да биде пуштен за прв
пат покажаа големо подобрување од неговата прва фаза од хемотерапијата“ тврдат
од таму.