Ерменија ја
совлада Босна и Херцеговина со 4-2, Грузија и Данска одиграа без голови,
Романија славеше минимална победа над Малта, додека пак Швајцарија со убедлива
победа ја оправда фаворитската улога против Гибралтар и славеше со 4-0.
Босна е во криза,
а по поразот кај Ерменците падна и првата жртва откако Просинечки со поднесе
оставка од селекторската позиција, за Ерменија ова е голема победа која сега ги
доближи само на четири бода до Финска која е на второто место во групата „Ј“,
место кое води директно на европскиот шампионат.
Головите за Ерменија
ги постигнаа Мхитарјан (2), како и Хамбарѕумјан, автогол си постигна Лонкар.
Кај гостите погидија Џеко и Гојак.
Мечот без голови
за Данска кај Грузија можеме да го наведеме како кикс на фаворитот против
селекција која единствените бодови од претходно во групата „Д“ и беа од
победата против аутсајдерот Гибралтар, па така Данците со 9 бода останаа на
второто место во групата, со два бода заостанување зад Ирска, односно бод
предност во однос на Швајцарија.
Швајцарците го
искористија киксот на Данска во таа конкуренција, па лесно со погодоците на
Закарија, Мехмеди, Родригез и Гавранович славеа убедлива победа на домашен
терен, дополнително им оди во прилог фактот што имаат меч помалку од Ирска и
Данска во таа група.
Во однос на мечот
од групата „Ф“, минималната победа на Романија над Малта на домашен терен ја
донесе Пушкаш, па така победничкиот табор со 10 бода е во мошне поволна
позиција во борбата која ќе претстои во оваа конкуренција, каде Шпанија со 15
бода е лидер, а следат Шведска со 10, односно Норвешка со 8 бода.
Од 20,45 часот се
играат средбите помеѓу Финска – Италија (0-0), Грција – Лихтенштајн (1-0),
Шпанија – Фарските Острови (1-0), како и Шведска – Норвешка (0-1)
/резултатите се
од првото полувреме/